ВМРО-ДПМНЕ: Дванаесетте директори на Хирургија и министерот Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена

од Vladimir Zorba
733 прегледи

„12 директори на Хирургија и министерот Илир Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Повеќе од две недели пациенти ширум државата трпат последици од неможноста врз нив да биде направен медицински хируршки зафат.

15 дена директорите на Хирургија и министерот Демири не прават ништо да го санираат проблемот на Хирургија.

Раководителите во здравството назначени од СДС и ДУИ како намерно да го доуништуваат здравството во последните денови пред заминување.

Народот страда заради односот на СДС и ДУИ кон здравството.

За сите кои ја предизвикале штетата на Хирургија и за сите кои не правеле ништо да се санира ќе има одговорност“, додаваат оттаму.

Слични содржини