ВМРО-ДПМНЕ е партија синоним за криминал и корупција, а нејзиниот лидер наоколу се фали како точно напамет ги знае сите тендери во општините каде ВМРО-ДПМНЕ раководи, реагираат од ДУИ на обвинувањата на Ковачки.
„Десетици судски случаи се се уште активни против нивни истакнати функционери кои не успеаа да пребегаат од државата. ВМРО-ДПМНЕ е последната партија што воопшто треба да зборува на тема криминал и корупција. Мицкоски и неговите соработници рацете во медот ги ставија уште при прво доаѓање на власт, докажувајќи дека од нив друго нема да може да се очекува.
ВМРО-ДПМНЕ е партија без идеологија и позиција, со конекции кои стигаат до Кремљ, а единствен интерес е голата желба за власт и профит. Тоа е организација на лажни патриоти кои молат бога некој друг да ги реши проблемите на граѓаните додека тие профитираат со национализам и подгревање тензии. Му порачуваме на Мицкоски да престане со измислување афери за ДУИ, лагите нема да му донесат ниту еден глас повеќе, а
конфронтирањето со ДУИ нема да му создаде прцепија дека е политичар од прва лига.
ДУИ јасно стои на своите ставови и ги поддржува истражните институции да ја завршат својата работа по било кој случај или сомнеж за нерегуларности“, додаваат оттаму.