ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да се откаже од техничката влада и бара избори

од Vladimir Zorba
379 прегледи

Очигледно власта не може да испорача уставни измени и имајќи во предвид дека не може да испорача, најлогично е да се оди на брзи предвремени избори кои што ние повикуваме да се случат час поскоро, да се распушти собранието и во законски предвидениот род од 50 до 50 дена да одиме на предвремени парламентарни избори, изјави Александар Николоски пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21, по вчерашната седница на Извршниот комитет на партијата.

„Ние сме спремни и ние да направиме отстапка а тоа е да се откажеме од таканаречената Пржинска или техничка влада. Односно ВМРО-ДПМНЕ доброволно се откажува од двајца министри и тројца заменици министри од таа техничка влада за спроведување на избори“, дециден е Николоски.

Слични содржини