Кога Шукова зборува за зеленило, чист воздух и јавен превоз, се поставува прашањето дали таа беше министер во Влада на СДС или некој друг, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната изјава на потпретседателката на СДСМ. Според нив, Шукова говори за тоа што му фали на Скопје, и тоа би било во ред, доколку само, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, до пред една година таа не беше токму министер за животна средина и просторно планирање, се вели во реакцијата на најголемата владеачка партија.
-Таа како министер имаше можност и простор, да направи план за намалување на аерозагадувањето, за зелени површини, за еколошки јавен превоз, но сепак таа одлучи да му слугува на Ковачевски, а во реалноста на Заев.
СДС и Шукова ниту имаат план, ниту знаат како да го подобрат животот на Скопјани. Тоа е видливо затоа што единствен „успех’’ на СДС во Скопје за подобрување на животната средина е зелената површина на Шилегов на плоштадот, порачуваат од партијата на Христијан Мицкоски.
Оттаму додаваат дека кандидатот Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ постепено ќе ги градат темелите на промените во Скопје.
Шуков претходно порача дека идејата за железница покрај кејот на Вардар е исклучително погрешна. Смета дека тоа е последното нешто што му треба на Скопје.
-Кејот на Вардар е едно од ретките места што им преостануваат на граѓаните за мир и рекреација од хаосот на секојдневието во градот. Да се уништи тој простор со шини и бучава би било културен и еколошки вандализам“, истакна меѓу другото кандидатката за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ.