Владата на СДСМ секој ден ја носи македонската економија поблиску до бездната. Економските политики на владата се покажаа како погубни за македонската економија и бизнис секторот. Раководењето на СДСМ со буџетската каса за само 9 месеци ги задолжи граѓаните на Македонија незамисливи 1.5 милијарди евра, пари со кои не се започна ниту еден капитален проект, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.
Владата на СДСМ уште еднаш го докажа своето расипничко работење со креираниот долг од 1.5 милијарди евра и реализацијата за месец јануари на само 1 отсто од капиталните инвестиции предвидени за оваа година. Резултат на економските политиките на СДСМ е и падот во градежништвото за 48,6 проценти споредбено со лани. Дека сите економски индикатори се во слободен пад доволен доказ е и бруто домашниот произовод кој минатата година стагнираше на нула проценти и е најлош во регионот.
Македонија со оваа влада го допре дното во Европа, односно е единствена земја во Европа која за 2017 година не забележи економски раст. Во државата единствено расте сиромаштијата.
Политичкиот прогон мора да запре веднаш, судот да се ослободи од стегите на власта, а обвинителството да покренува обвиненија против вистинските криминалци. Владата на СДСМ место да се фокусира на политички прогон нека го сврти својот фокус кон решавање на проблемите на граѓаните кои од ден во ден се се поголеми и поголеми токму поради неспособноста на оваа гарнитура, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.