ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ ја боли глава од Кастриот, ДУИ и СДСМ

од Nikola Popovski

Така изгледа уценет човек кој има многу противречности во својата приказна и човек на кој личниот интерес му е пред колективниот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата по денешната прес-конференција на Кастриот Реџепи.

Според нив, „ако ДУИ и СДСМ се европската вредност во која Кастриот Реџепи верува тогаш Европска Унија ја боли глава од Кастриот, ДУИ и СДСМ“.

-Кастриот Реџепи прво самоволно стави потпис за пад на владата на СДСМ и ДУИ, а потоа откако исчезна повеќе од 10 часа го смени ставот и ДУИ и СДСМ му станаа пример за вредности.

Методите со кои СДСМ и ДУИ го премислија Кастриот ниту се демократски, ниту се европски, туку се режимски, појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Реџепи денес на прес-конференција кажа дека откога не се појавил на седницата во парламентот, а телефоните ги исклучил, отпосле видел дека му се праќале смс пораки со закани.

Реџепи одби да ги каже имињата на тие што му се заканувале за, како што рече, да не и наштети на истрагата.

Слични содржини