„Факт е дека откако СДСМ дојде на власт, во Македонија ниту се гради, ниту се реализира. Здравството во Македонија е на дното“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Нема ни трага ни глас за клиничкиот центар кој сега речиси требаше да биде готов. Клинички центар кој благодарение на СДСМ, Заев и Филипче ќе чини најверојатно 3 пати повеќе од претходно планираното.
Заев и Филипче не направија ништо за подобрување на здравствената заштита на граѓаните и подобрување на здравствените услуги. Но, затоа добро се погрижија за своите приватни бизнис интереси и лично богатење со наместени криминални тендери со милионски суми.
Антиреформската влада ќе падне на 12-ти април затоа што испорачува само криминал и корупција. Обновата на Македонија стартува во април и ќе значи крај на лажните вести“, додаваат од „белиот дворец“.