ВМРО-ДПМНЕ: Филипче префрли 7 милиони евра од здравството на фирма на роднина

од Илинка Илиоска
53 прегледи

Во денешното соопштение, ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната власт предводена од СДСМ и ДУИ за несоодветно управување со здравствениот систем во земјата. Актуелниот претседател на СДСМ, Венко Филипче, во својот мандат, според партијата, не само што не успеал да направи значајни реформи, туку и потрошил значајни средства на сомнителни тендери.

„Филипче откога седна на министерската фотеља на 25 декември 2017 година се префрлија 7 милиони евра од Министерството за здравство и здравствените установи во Македонија завршиле на сметката на Синерџи. Синерџи е компанија во сопственост на Горан Филипов партнерот на Катерина Савеска, тешта на Филипче. Или тештата Савеска и Филипов се јавуваат заедно како инвеститори.  Само за една година од здравството на Синерџи биле префрлени два милиони евра“, пишува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ актуелната реалност која ја оставила владата на СДС е испреплетена со корупција, криминал и руинирани институции.

„Македонија е на дно во регионот по сите параметри“, велат од партијата, додавајќи дека единствениот начин за напредок е да се знае вистината за минатото.

„Неспособноста завршува со нив. Ние работиме 100 проценти одговорно за твојата иднина“, завршија од ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи ја својата посветеност на подобрување на состојбите во здравствениот сектор.

Слични содржини