ВМРО-ДПМНЕ: Фондот за криминални иновации на СДСМ испумпа околу 10 милиони евра

од desk2
95 прегледи

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека и по половина година, а се уште Фондот за, како ѓшто велат,  криминални иновации е непресушен извор на скандали.

„Фондот за криминални иновации на СДСМ пред половина година успеа да испумпа околу 10 милиони евра пари на граѓаните. Деновиве во медиумите повторно гледаме дека се уште излегуваат на површина матните зделки од Фондот за криминални иновации“, рече Димче Арсовски портпарол на партијата.

 

Според него,  Фондот  одобрил грант на фирмата БИЛД ДООЕЛ каде што сопственик е Александар Гаврилоски, за проект „Примена и реализација на иновативен концепт за изградба на заштитни конструкции за земјоделски насади во секторот земјоделство“ грант во вредност од околу 200.000 евра. Сопругата на истиот Александар Гаврилоски уште во периодот околу доделувањето на грантот била ангажирана како надворешен соработник и уште тогаш беше алармирано и од медиумите и од наша страна за сомнително доделување на грантот, додаде Арсовски.
За нив поскандалозно е што сопругата на истиот Александар Гавриловски, која што беше надворешен соработник, Неда Икономова- Гаврилоска од пред 10тина дена е редовно вработена во Фондот.

Затоа прашуваат Дали имало и кој бил договорот за вработување на сопругата на Александар Гаврилоски?
Дали можеби имало договор помеѓу семејството Гаврилоски и раководните лица на Фондот за иновации за сомнителна соработка која на крајот резултира со вработување на Неда Икономова – Гаврилоска во Фондот за иновации?