ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е уцена, Ковачевски да си даде оставка

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Францускиот предлог од тоа што беше пренесено во медиумите е целосно фијаско и остварување на сите бугарски барања без било какви гаранции за Македонија, се вели во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на утринското соопштение на партијата на власт.

– Наместо да молчи Ковачевски треба веднаш да излезе и да го отфрли предлогот кој беше презентиран од медиумите. Зошто молк и дали молкот значи согласност на СДСМ и Ковачевски со капитулацијата која и се спрема на Македонија.

Дали СДСМ ќе прифати тивка бугаризација или целосно отфрлање на Македонија од процесот на евроинтеграции?

СДСМ прави идентитетски удар врз постоењето на народот, државата и идентитетот.

Францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски поради што треба да си даде оставка веднаш, се вели, меѓу другото, во реакцијата на позициската партија.