Спасовски и Ковачевски, залудно се обидоа да го сокријат новиот скандал, во врска со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, кој беше пријавен за ново семејно насилство од страна на неговото семејство, а МВР не ја извести јавноста, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата соопштуваат дека по пријаватата од неговата сопруга, во раните утрински часови, на 17-ти декември, полицијата пристигнала во неговиот дом, каде биле затекнати видно вознемирени и исплашени, членовите на неговото семејство.
-Сопругата на Глигоров изјавила дека на ситуацијата и претходела вербална расправија со Глигоров, а исто така посочила, дека тој поседува огнено оружје со кое се заканувал дека ќе си го одземе животот, стои во партиското соопштение, при што се додава: „Драмата не завршила тука, генералниот секретар на Арсовска, продолжил со своето лудило, при што и кажал дека е спремен да се фрли од балконот од својот дом“.
-Ова се кадрите на Арсовска, со кои го раководи градот Скопје, семејни насилници и лица со дискутабилна психичка состојба, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Лани во септември, Глигоров беше назначен за генерален секретар на Град Скопје. Тој на оваа позиција доаѓа од местото Шеф на кабинет на градоначалничката Арсовска.