ВМРО-ДПМНЕ ги достави конечните предлози за медиумите, СДСМ ги одби во целост

од desk3
79 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ вчера до потписничките на Договорот од Пржино ги доставила своите конечни предлози за реформите во медиумите, дознава „Мета“. Исто така дознаваме дека тие преддлози се целосно неприфатливи за СДСМ.

mediumi

Средбата на работната група што требаше да се одржи вчера попладне е одложена за денеска. На неа се очекува да се дискутира и околу методологијата за прочистување на избирачкиот список.

Закон за владино рекламирање и комбинирана форма за функционирање на МРТВ по словенечко-германско-белгиски модел биле предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за регулирање на медиумите.

Селмани: Да се прифати предлогот на Ван Хауте за медиумите

Според нашите информации, Никола Тодоров, кој го предводи преговарачкиот тим на владејачката партија, предложил финансирањето на МРТВ да биде на два начина. Едниот начин е да се финансира преку буџетот, а вториот преку радиодифузна такса. Исто така, ВМРО-ДПМНЕ предложила Советот на МРТВ да остане ист, a 100 дена пред изборите, информативната програма да ја уредуваат двајца уредници, еден од власта и еден од опозицијата.

За такво новинарство и медиуми? Не благодарам!

– Од владејачката партија предлагаат Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги да биде составен од седум члена, од кои по два члена треба да предложат ЗНМ и МАН, а од кои едниот да биде од националните телевизии. Според предлогот на власта, по еден член треба да предложат и интеруниверзитетската академија, МАНУ и адвокатската комора – брифираат за „Мета“ извори од работните групи.

 

META