ВМРО-ДПМНЕ ги објави имињата на кадрите во техничката влада

од Nikola Popovski
640 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ синоќа ги објави имињата на министрите и замениците кои ќе партиципираат во техничката влада. Адвокатот Панче Тошковски ќе биде министер за внатрешни работи во техничката влада, Ѓоко Велковски министер за труд и социјална политика, кој веќе долго време работи во ова министерство.

За заменици-министри предложени се Елена Петрова за финансии, која доаѓа од УЈП, советникот во Град Скопје, Стефан Андоновски за информатичко општество и администрација и Цветан Трипуновски за земјоделство.

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот, нема да гласаат за поддршка на влада којашто ја преводи лице предложено од СДСМ и ДУИ.

На 26-ти избор на нов собраниски спикер, на 28-ми избор на техничката влада, предводена од Талат Џафери. Тој најави дека ќе достави целосен состав на Владата ако ВМРО-ДПМНЕ му достават предлози за министри и дополнителни заменици министри.

Мандатот ќе го добие од претседателот Пендаровски. Џафери и Ковачевски оставките ќе ги депонираат во четврток. В петок ќе се гласа актуелниот координатор на СДСМ, Јован Митрески да биде нов претседател на Собранието.

„Нема потреба да се оптоварувам со тоа дали ќе има или ќе нема промени. Во контекст на функционирање на техничката влада, нема никаков проблем дали ќе бидат исти луѓе или ќе бидат различни луѓе. Ако има предлози ќе бидат вметнати, таков е законот“, изјави Џафери.

Тој во сабота ќе ја достави програмата за работа на „Пржинската влада“, која треба да ги организира изборите напролет.

Слични содржини