„ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија ќе поднесе интерпелација за претседателот на Собранието на Македонија заради недоличното однесување, сите прекршувања на Деловникот за работа на Собранието, прекршување на Уставот на Македонија, како и за навредите на Џафери кон вработените во Собранието. Ги повикуваме сите пратеници во Собранието на Македонија да ја поддржат интерпелацијата за Талат Џафери“, соопштија утрово од Белата палата и ги повикаа пратениците на владејачката партија да гласаат „за“.
„Автократот Џафери покаже дека не е достоен да биде претседател на Собранието заради неговиот примитивизам, кршење на Деловникот и Уставот и недемократско однесување.
Џафери вулгарно ги навредуваше вработените во Собранието. Џафери контактирал со Чеченски политичар кој е безбедносен ризик за државата заради блискоста со Кремљ. Џафери ги заклучуваше пратениците во Собранието.
Што уште треба да направи Џафери за Ковачевски да се охрабри и како лидер на СДСМ да побара негова оставка?“, се вели, меѓу другото, во повикот.