ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува амандманите на Законот за државјанство

од Берта Китинска

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе ги повлечат амандманите поднесени на законот за државјанство и  истовремено бараат опозициската коалиција Aлијанса – Aлтернатива да ги повлече сите амандмани поднесени за петтиот економски пакет мерки.

-Свесни за недостигот на искрена желба за брзо решение, но и за критичниот момент во кој што се наоѓаат Македонија, граѓаните и стопанството, ќе ги повлечеме сите амандмани на Законот за државјанство се со цел конечно да се изгласа петтиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанството. Дури и во вакви моменти, кога над 55 илјади граѓани останаа без работа и едвај врзуваат крај со крај, кога македонската економија е на колена и илјадници компании се затворија, Заев и СДСМ без око да им трепне покажуваат огромна неодговорност и негрижа за граѓаните и стопанството – вели Координаторот на пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ,Никола Мицевски .

Тој ја повика коалицијата Алтернатива и Алијансата за Албанците да ги повлечат амандманите од петтиот пакет на мерки, за да можат компаниите и граѓаните да ги добијат и онака недоволните и задоцнети средства како помош за справување со последиците од ковид пандемијата.

Слични содржини