439
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува гаранцијата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека нема да има нови услови на патот на Македонија кон Европската унија, меѓутоа повикуваме да се изнајде начин да се институционализира, рече пратеникот на најголемата опозициска партија, Миле Лефков во емисијата „24 анализа“.
Тој додаде дека ова треба да помине низ институциите на ЕУ и ЕК, за да таа гаранција наместо усмено, да се претвори во институционална поддршка.
-Мене ме загрижува изјавата на Ковачевски на самата прес-конференција кој кажа дека нема подобар договор од овој нема. Замислете со која тежина и концесии оди македонскиот премиер во Германија кој не бара гаранциите да биде институционални, кажа Лефков, додавајќи дека премиерот е „заробен и уценет човек“.