Градоначалникот на Илинден Жика Стојановски, кој беше дел од Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се кандидира како независен кандидат за градоначалник на општината откако партијата којашто досега го кандидираше, ВМРО-ДПМНЕ излезе со ново име за прв човек на оваа општина, пренесе Фокус.
Стојановски се решил на ваков чекор бидејќи, како што вели, чувствува морална обврска да се кандидира со оглед на големата поддршка што ја имал и од граѓаните, но и бизнис заедницата.
ВМРО-ДПМНЕ го кандитираше Александар Георгиевски, кој е актуелен советник од оваа партија во Општина Илинден.