ВМРО-ДПМНЕ го критикува СДСМ дека воделе „патлиџан дипломатија“

од Nikola Popovski
40 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ утрово ја обвини СДСМ дека тотално се изгубила на политичката мапа и дека прават последователни грешки. Во партиското соопштение исто така се обвинува сегашната опозиција дека додека била на власт спроведувала „патлиџан дипломатија“.

-Додека беа власт СДС водеше погрешни политики но и како опозиција продолжија со „како и до сега“ со грешни пресови и грешни соопштенија. Венко Филипче во текот на вчерашниот ден оддржа прес конференција и кажа низа глупости и се излета во јавноста со погрешни изјави и заклучоци. Филипче не знае како и зошто гласала Македонија во Обединетите нации а држи прес конференции за тоа. Тоа што Филипче не го знае и што е единствена вистина е дека Македонија и САД гласаа едногласно. Односно исто како и САД, Македонија гласаше воздржано за резолуцијата откако претходно беа прифатени амндмани кои не беа на линија со резолуцијата која беше коспонзорирана и произведена од нашиот стратешки партнер САД, порачаа од партијата на власт.

Излегувањето од конфликтот е важно, но многу поважна е унитарноста на европскиот пристап кон територијалниот интегритет, суверенитет и идентитет на Украина, француски став искажан од амбасадорот Ле Риголер по македонското гласање на американската резолуција.

„Гласањето на С.Македонија во Њујорк за нас беше неочекувано. Оваа тема бара единствен и обединет европски одговор. Целта на европската дипломатија е да се одржи таа унитарност и да се има ист, заеднички пристап што ќе обезбеди безбедност на европскиот континент за наредните години и децении, за нас и нашите деца“, изјави Кристоф ле Риголер-амбасадор на Франција во земјава.

Надворешната политика на актуелната влада е без компас, коментираше лидерот на социјалдемократите Филипче. Ќе било многу подобро доколку Македонија гласаше и за двете резолуции во Обединетите нации.

„Наместо да се однесуваме како држава со конзистентна надворешна политика, владата делува како залутан играч и прави екскурзии и притоа без причина ја напушта европската надворешна стратегија. И додека поголемите европски земји тактички балансираа помеѓу големите сили, Македонија со недоследноста ризикува да биде маргинализирана во европските политички кругови“, изјави Филипче.

Што сè не се изнаслушав во последните години, возврати Мицкоски. Повтори уште еднаш дека резолуцијата донесена во Советот за безбедност е задолжителна за разлика од европската. Ме обвинуваа дека сум анти-НАТО, анти-Америка, проруски, сега им пречи нашата исклучително добра соработка со администрацијата на претседателот Трамп, рече Мицкоски.

Слични содржини