ВМРО-ДПМНЕ го обвини генсекот на Град Скопје за семејно насилство

од Nikola Popovski
160 прегледи

Најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини актуелниот генерален секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров за семејно насилство.

-Пред само два дена од медиумите бевме запознаени дека Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, претходно шеф на кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, се пресметувал со обезбедувањето во институцијата, а засега не се познати причините за инцидентот. Воедно, согласно нашите информации станувало збор за насилно однесување и конфликт со лице вработено во Градот Скопје. До денес, од страна на Глигоров нема ниту демант, ниту потврда на ваквите информации.

Но, она што е навистина вознемирувачки е што нашите информации говорат дека ова не е прво и единствено насилно однесување на секретарот на Градот Зоран Глигоров. Имено, очекуваме јавноста да добие одговор дали е точно дека според евиденцијата на МВР дека Зоран Глигоров бил пријавуван за семејно насилство? Воедно, дали на 25.06.2007 година е пријавен Глигоров за тешка телесна повреда врз женско лице со иницијали Л.Г нанесени преку повеќе удари и изненаден напад, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму поставија уште едно прашање.

-Второ, дали на 12.03.2017 година е пријавен Глигоров за нанесување на телесна повреда при вршење на семејно насилство врз Љ.Г. преку повеќе удари и изненаден напад? Очекуваме Глигоров да одговори на овие сознанија и институциите да постапат согласно информациите кои ги поседуваат, порачаа од „Белата палата“.

Слични содржини