ВМРО-ДПМНЕ:Граѓаните му порачаа на СДСМ дека се против распродажбата на националните интереси

од desk2
77 прегледи

Граѓаните на Република Македонија излегоа масовно и му порачаа на Зоран Заев и СДСМ дека се против распродажбата на државните и националните интереси, коментираат денеска од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која во саботата организираше протестен марш пред Влада.


„Граѓаните гордо и исправено се спротивставија на неправдите и понижувањата од страна на власта. Граѓаните покажаа дека повеќе не се плашат на заканите и притисоците на Заев и неговиот картел и порачаа дека време е да се стави крај на лажните ветувања, злоупотребата на институциите и уништувањето на државата“, се вели во соопштението.

„Граѓаните на Република Македонија упатија порака до власта дека не смее повеќе државата да тоне, економијата да стагнира, а институциите да бидат заробени од картелот. Тие кажаа дека не сакаат повеќе да ги води неспособна и безидејна власт која спасот го бара во продажбата на државните интереси.
Откако е СДСМ на власт, граѓаните се повеќе осиромашуваат, а картелот на Зоран Заев се повеќе се богати. За една година повеќекратно го зголемија своето богатство. Го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“, по цена од обична гарсониера, влегоа во милионскиот бизнис со марихуана, а нивните камиони превезуваат руда за потребите на „РЕК Битола“.

Цената на богатењето на Заеви ја плаќаат граѓаните. Нема 500 евра плата, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема поврат на 15% ДДВ, нема социјална помош од 12.000 денари, бесплатно болничко лекување, и нема 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта. Граѓаните се уверија дека се што вети СДСМ е голема лага.
Единствено покачување кое го спореведе оваа власт, а не го вети пред граѓаните е зголемување на акцизата на дизелот и затоа количината на дизел која граѓаните можеле да ја купат со една просечна плата пред една година е за 120 литри помала денес.
Една година се на власт, а не успеаја да реализираат ниту една капитална инвестиција“, се заклучуа во соопштението.