Со одлука на РКЕ на Марко Бислимоски парното поскапува за 15%. Со тоа домаќинствата со двособен стан ќе плаќаат над 300 денари повеќе секој месец за затоплување на нивните домови. Ковачевски не обезбеди евтин енергенс, како што тоа го направија другите европски држави, велат утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно пред само еден месец заради истите причини се покачи цената на струјата, за околу 18% за најголемиот број домаќинства, и 138% за тие кои се греат на струја.
Секое нормално домаќинство плаќа скоро 1.000 денари повеќе за струја, а тие што се греат на струја допрва ги очекува шок за време на грејната сезона, посочуваат од опозицијата.
„Државата стана целосно зависна од увоз на скап јаглен, мазут не е набавен, а хидропотенцијалот не се менаџира правилно, сето тоа допринесува за над 1 терават часови помало производство на годишно ниво сега за разлика од кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата. А, за да се надомести тоа се одвојуваат милиони за скап увоз. Со СДСМ и Ковачевски народот ќе плаќа се поскапи сметки, а снабденоста е под знак прашалник“, велат, меѓу другото, од опозициската партија.