Артан Груби говори дека имотот кој што го купиле во центарот на Скопје, на улица Македонија со големина од 130 м2 го платиле само 100 илјади евра. Ако го платиле толку, тогаш скандалот е уште поголем, бидејќи семејната фирма на вицепремиерот во владата на Ковачевски набавил луксузен имот по екстра багателна цена, велат утрово во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Посочуваат дека ако Груби платиле 100 илјади евра за 130м2, тогаш излегува дека имотот вреди околу 700 евра по м2.
„Груби може да се прави недоветен, но не може да ја потцени интелегенцијата на народот. Во Скопје за 700 евра квадрат не може да се купи ни во најпериферните делови, а не пак во најстрогиот центар. Во тој дел од градот станбениот квадрат е над 2000 евра па нагоре, а деловните се уште поскапи. Нека им објасни Груби на граѓаните како тоа тој може да купи толку евтин локал, а тие не можат“, истакнаа од Белата палата.
Оттаму прашуваат дали Груби ја злоупотребил функцијата и влијаел неговото семејство да купи толку ексклузивен локал по толку евтина цена.