ВМРО-ДПМНЕ: Груби може да го потсетиме на часовите поминати во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и фалбите за другарувањето со Груевски и Мијалков

од Vladimir Zorba
252 прегледи

„Груби е очигледно нервозен, ако сака намерно да ги заборави некои работи можеме да го потсетиме на фотељата во ВМРО-ДПМНЕ на која оставил дупка од седење и дружење со Груевски и Мијалков“, реагираат од ВМРо-ДПМНЕ.

„Очајот на власта на ДУИ и СДСМ е правопропорционален со лагите на Груби кои јавно ги измесува. Судејќи според последното интервју на Груби, очајот достигнал алармантно ниво. Конфузните и контрадикторните изјави на Груби се доказ дека е нервозен. Може да се прави паднат од Марс, но и врапците знаат дека стои позади секој поголем криминал или коруптивна зделка во Македонија и за тоа ќе има одговорност.

Дополнително, Груби сака намерно да заборави некои работи или истите да ги покрие со некои негови фикции. Во една од канцелариите во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ има една фотеља, за која легендата вели дека Груби направил дупка од седење во време на претходното раководство на партијата. Ако сака и ако е спремен може да го потсетиме на часовите поминати во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и фалбите за другарувањето со Груевски и Мијалков?“, се додава во реакцијата.

Слични содржини