Артан Груби е централниот лик во новата шема со која 2,6 милион евра народни пари ќе се одлеат во џеб на негов близок соработник, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Државна Лотарија, водена од Перпарим Бајрами, шеф на кабинетот на Груби во министерството за политички систем, изнајмила објект во скопско Визбегово и ќе плаќа над 21 илјада евра месечна кирија за период од 10 години.

-Објектот пак е во сопственост на компанијата ХЕЈ ДООЕЛ на Армин Машовиќ, познат како бизнис партнер со Ерџан Сулкоски, ортакот на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај! Овој лик кој е близок до кланот Зајас во февруари го купил објектот и за чудо за неколку месеци го добил овој милионски тендер од Лотарија. Истиот овој Машовиќ е бизнис партнер и со Шабан Амзовски кој е член на Управен одбор на Државна лотарија, што целиот скандал го прави уште поголем и посомнителен.

Како црева се изврзале ликови блиски до Груби за да направат бизнис шема за добивање тендери и богатење на сметка на државниот буџет. Граѓаните гледа дека функционерите од оваа власт на ДУИ и СДС со народни пари направија бизнис империја и станаа милионери, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.