ВМРО-ДПМНЕ: Хунтата ги гази законите и ја зароби целата држава

од desk2
96 прегледи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара безусловно запирање на сите процеси на политичкиот прогон, итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС, итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

ВМРО-ДПМНЕ, денес во 18 часот, ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Судовите се под страшен притисок не судат врз база на аргументи туку по диктат на власта. По налог на хунтата на власт монтира случај за тероризам против македонски патриоти и луѓе кои дале и даваат свој придонес во општеството. Судот неосновано става во притвор актери, режисери, уметници, лекари, пратеници и полицајци само затоа што си ја сакаат државата и не се согласуваат со политиките на власта и Зоран Заев“, велат во партиското соопштение.