ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го згрижија Драгиша Милетиќ

од desk3
90 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го згрижија Драгиша Милетиќ. Поранешниот опозициоенр, сега поддржувач на владејачката коалиција, е вработен во државната ЕЛЕМ на позицијата координатор за проекти и маркетниг-информира ТВ Алсат.

166844

Ваквиот чекор се смета за оддолжување на власта кон градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски, а и Милетиќ, кои на локалните избори 2013 ја одиграа улогата на „Тројански коњ“.

На огласот за вработување се јавиле 21 кандидат, а требало да имаат, завршено VI/VII степен образование и да имаат пет години работно искуство, велат од ЕЛЕМ. На конкурсот победил Милетиќ.

Во јавноста, вработувањето на Милетиќ се толкува како награда од владејачката гарнитура за улогата што тој ја одигра на локалните избори пред две години. Тогаш партијата на Милетиќ беше дел од опозициската коалиција, а кога СДСМ реши да ги бојкотира изборите, Милетиќ, на неколку часа пред крајниот рок за пријавување на кандидати за градоначалници, му го даде печатот на партијата на Стевчо Јакимовски, кој исто така беше дел од опозициската колација, но се противеше на бојкотот на изборите.

Повеќе ТУКА