ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат само 4% шанси да освојат мнозинство пратеници, покажува истражувањето на Преспа институтот

од Nikola Popovski
893 прегледи

Само два блокови имаат шанса да состават мнозинство или пак да освојат најмногу гласови на следните избори, стои во наодите кои произлегуваат од ЕлектоМетар, истражување и аналитичка алатка за следење на изборите и постапување на гласачите, кое денеска го презентираше Преспа институтот. Истражувањето всушност покажало дека шансите СДСМ и коалицијата да освојат мнозинство пратеници се 96 проценти, додека коалицијата која гравитира околу ВМРО-ДПМНЕ има само 4 проценти шанси да освои мнозинство пратеници.

-Притоа во Експеримент 1, беа разгледани 10.000 сценарија според пропорции од последна достапна анкета и варијабилна излезност и процент на неважечки ливчиња (+/-10%) од сите изборни циклуси. Во Експеримент 2, беа разгледани 3.000 сценарија според пропорции од последна достапна анкета и маргина на грешка од +/-3 процентни поени. Додека во Експеримент 3, моделот анализирање 1.000 сценарија каде според демографија на политички партии беше направено вештачко намалување на излезност и процент на неважечки ливчиња (+/-10%).

Спроведените три експерименти опфатија 14.000 различни сценарија кои што разгледуваа претпоставено сценарио кога на изборите 2024 година би се појавиле 5 блокови на политички партии. Притоа блоковите би биле составени според моменталните најави на групирање: владината коалиција; коалицијата која гравитира околу ВМРО-ДПМНЕ; блок кој ја претставува т.н. албанска опозиција; блок кој го доминира Левица; и блок во кој се останатите политички партии, но според податоците кои ги имаме ќе биде доминиран од ЗНАМ, велат од Преспа институтот.

-Имајќи ги предвид сите влезни податоци, моделот на нашиот ЕлектоМетар укажува на момент во кој само два блокови имаат шанса да состават мнозинство или пак да освојат најмногу гласови. Притоа, вториот блок има околу 4% шанси да освои најголем број пратеници и притоа да дојде во позиција да го предложи составот на новата влада, додаваат оттаму.

МЕТОДОЛОГИЈА

ЕлектоМетар претставува истражување и аналитичка алатка за следење на изборите и постапување на гласачите. Истражувањето претставува долгорочен потфат за анализа на изборни постапувања и следење на однесување на гласачи, а со цел утврдување на недостатоци и/или злоупотреба на изборниот процес. Во истражувањето беше вклучена експертизата на Блинк Маркетинг и Медиа за анализа на податоци и податочни модели. Оттаму, може да се рече дека истражувањето и изработената алатка се заеднички потфат на двата субјекти.

Во истражувањето беа вклучени јавно достапни податоци од Државната изборна комисија, Државниот завод за статистика и анкетни истражувања на јавното мислење.

Влезни податоци од ДИК беа описите на гласачките места, самите гласачки места и нивната геолокација, како и изборните резултати од сите изборни циклуси во периодот 2013 -2021 година. Притоа исклучени се локалните избори за градоначалници во 2013 и 2017, односно првиот круг од претседателските избори во 2014 и 2019 година. Конечно, земени предвид беа и податоците за излезност за истиот временски период, 2013 – 2021.

Влезни податоци од Државниот завод за статистика беа податоците од пописот 2021 година, односно демографијата на населени места прилагодена по изборни единици.

НАОДИ

-Она што го утврдивме беше тип за излезност и однесување на различните типови избори, како и гласачки места кои можат да се сметаат како сигурни, или добитни места за секоја од политичките партии. Односно, со други зборови утврдивме врска помеѓу излезноста и различни политички партии, како и дека личноста или други променливи имале многу мало влијание врз одлучувањето на изборите во минатото, а граѓаните главно гласале за политичка партија.

Притоа во Експеримент 1, беа разгледани 10.000 сценарија според пропорции од последна достапна анкета и варијабилна излезност и процент на неважечки ливчиња (+/-10%) од сите изборни циклуси. Во Експеримент 2, беа разгледани 3.000 сценарија според пропорции од последна достапна анкета и маргина на грешка од +/-3 процентни поени. Додека во Експеримент 3, моделот анализирање 1.000 сценарија каде според демографија на политички партии беше направено вештачко намалување на излезност и процент на неважечки ливчиња (+/-10%).

Спроведените три експерименти опфатија 14.000 различни сценарија кои што разгледуваа претпоставено сценарио кога на изборите 2024 година би се појавиле 5 блокови на политички партии. Притоа блоковите би биле составени според моменталните најави на групирање: владината коалиција; коалицијата која гравитира околу ВМРО-ДПМНЕ; блок кој ја претставува т.н. албанска опозиција; блок кој го доминира Левица; и блок во кој се останатите политички партии, но според податоците кои ги имаме ќе биде доминиран од ЗНАМ.

Експериментите се засноваат на неколку клучни претпоставки:

–дека Владината коалиција ќе настапи заеднички со предизборна листа, односно дека сите политички партии ќе функционираат како групи на овој начин;

–дека моделот се составува според последната анкета за која имаме податоци во целост, од декември 2023, или 6 месеци пред изборите;

–дека моделот се иззема од разгледувањето на сентиментот на гласачите и јавниот дискурс;

–дека маргината на грешка на моделот е +/-3,55%.

Сите овие претпоставки ќе бидат надминати во следните фази од развивањето на ЕлектоМетар и преку дополнителни влезни податоци.

Воедно, моделот нуди проекција на можни освоени гласови на национално ниво, кој го покажува следното:

Блок 1 – 49,50%-53,83% од важечките гласови

Блок 2 – 36,45%-39,79% од важечките гласови

Блок 3 – 1,32%-1.93% од важечките гласови

Блок 4 – 2,07%-3,79% од важечките гласови

Блок 5 – 4,12%-6,80% од важечките гласови

Имајќи ги предвид сите влезни податоци, како и претпоставките, моделот на нашиот ЕлектоМетар укажува на момент во кој само два блокови имаат шанса да состават мнозинство или пак да освојат најмногу гласови. Притоа, вториот блок има околу 4% шанси да освои најголем број пратеници и притоа да дојде во позиција да го предложи составот на новата влада, стои во соопштението на Преспа институтот.

Слични содржини