ВМРО-ДПМНЕ и Левица со илјадници амандмани сакаат да го блокираат зголемувањето на платите на судиите и обвинителите

од Nikola Popovski
167 прегледи

Двете најголеми опозициски партии денеска поднесоа илјадници амандмани на законите со кои се предвидува зголемување на платите во правосудството  Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов денеска информира дека пратеничката група и коалицијата денес во Собранието на Република Македонија поднеле 2 100 амандмани.

-Имено, во услови кога инфлацијата во државата е на алармантно ниво, кога стопанствениците едвај даваат плати на своите вработени, кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, новата Влада со очигледно стари навики, не отстапува од намерата да ги зголеми платите на судиите и обвинителите. Ја прашуваме Владата, дали ова зголемување на платите на судиите и јавните обвинители ќе значи подобро судство, подобро обвинителство, намалување на бирократските процедури и побрзо решавање на судските спорови на илјадници граѓани, изјавил Ефтимов.

Од Левица денеска информираа дека пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднеле вкупно 2.400 амандмани.

-Стоиме на ставот дека сè додека не се воведат суштински реформи во правосудството, кое ќе ги опфати проблемите кои се наталожени (на пример: трајниот мандат на судиите, нивната неоговорност за штета нанесена на странките, контоверзниот начин на избор во Академијата за судии и јавби обвинители, системот на кариерен развој во повисоки судови и сл.) – нема да дозволиме зголемување на бенефициите на оваа лесно расиплива сорта на луѓе, кои се приврзоци на секој неправеден систем, порачаа од Левица.

Слични содржини