ВМРО-ДПМНЕ и Левица доставуваат закони со името С. Македонија, вели Џафери

од Nikola Popovski
174 прегледи

Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за емисијата „Топ тема“ изјави дека ВМРО – ДПМНЕ и Левица ги доставуваат законите во Собранието користејќи го името С.Македонија и дека за ваквата воспоставена пракса, бил постигнат претходен договор.

За интерпелациите за вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и за министерот за правда Бојан Маричиќ, Џафери рече се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и се ставени на дневен ред на наредната седница, закажана за 23 март.

-И од моментот кога добивам информација дека засегнатите ја имаат примено од тој момент течат роковите според Деловникот. Во рок од 15 дена од приемот на интерпелацијата, дотичниот на кој се однесува треба да одговори на интерпелацијата. Доколку не одговори во рок од 15 дена, тогаш прва наредна седница по истекот на тој рок треба да бидат на дневен ред, и таа прва наредна седница е на 23-ти. И двајцата не одговориле, се решиле да не одговорат, имаат право и да одговорат во рок од 15 дена и во тој случај во рок од 15 дена од добивање одговор треба да се најдат на седница, рече Џафери.

Тој напомена дека двајца пратеници се позитивни на Кoвид-19 и се чувствуваат добро, а еден е во самоизолација, се изолирани и дека до тогаш ќе им помине рокот на изолација.