Не треба да се чека ниту ден повеќе и да се губи драгоцено време и треба час поскоро да се организираат избори.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение денеска наведува дека многу посилни непријатели не успеале да ја победат волјата на македонскиот народ и да ја скршат неговата љубов кон сопствената татковина и во тоа нема да успее ниту Зоран Заев.
– Со секој изминат ден станува се појасно дека граѓаните нема да дозволат Македонија да биде водена од тиранска влада која ќе реализира тирански платформи, стои во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека ваквото однесување е срамно и неприфатливо и оти не треба да се чека ниту ден повеќе и да се губи драгоцено време и треба час поскоро да се организираат избори.