ВМРО-ДПМНЕ: Иднината се гради со дела, а не со продавање на националните и државни интереси

од desk2
74 прегледи

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Зоран Заев повторно ја лаже јавноста за штетниот и капитулантски договор со Грција.

„Тој дури и на големиот празник Илинден без срам и перде ја погази жртвата на илјадниците македонски херои кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија. Зборува за македонска историја, а потпишува дека комисиски ќе ја ревидира. Зборува за македонскиот идентитет, а се согласува да го менува. Зборува за македонски јазик, а го сведува на уставна категорија со дообјаснување, а не како реалност признаена од светот пред неколку децении. Зборува за иднина на Република Македонија, а планира да го промени името во Северна Македонија за ерга омнес.
Зоран Заев нема образ“, се вели во соопштението.

„Само пред месец дена се колнеше во Илинденска Македонија. Само пред година дена се колнеше во своите деца и предци дека нема да го промени уставното име, кое прифати да го избрише.
Што ли да очекуваме сега, кога се колне во АСНОМ и Илинденското востание?
Слободата и човечките правдини биле идеалот на Илинден и во 1903 и во 1944 година. Илинденците чија што борба е за човечки правдини се бореле токму против луѓе со карактерни особини како Зоран Заев и истите биле ставани на столбот на страмот
Иднината на овој народ се гради со дела, со многу труд, реформи и работа, а не со продавање на националните и државни интереси. Европа е семејство на рамноправни народи и држави, на партнери со достоинство и меѓусебно почитување“, додаваат од таму.