ВМРО-ДПМНЕ: Имотниот лист на државата е АСНОМ и референдумот од 1991

од Nikola Popovski

„Имотниот лист на државата е АСНОМ и референдумот од 1991 година, а Заев е шредерот кој го кине парче по парче имотниот лист. Со Заев иднина е невозможна, исто како и ЕУ“, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ, со која се спротивставуваат на тезата на премиерот Заев кој во интервју за МИА изјави дека со влезот во НАТО, Македонија го обезбедила својот имотен лист.

Според оваа партија, се што направил Заев е уништување, на она што со векови и децении било градено.

„Заев да имаше малку лице ќе си поднесеше оставка уште кога добивме вето за отпочнување на преговорите со ЕУ. Со ветото за ЕУ пропаднаа сите ветувања на Заев, тој тврдеше дека се решени сите прашања со соседите, а сега гледаме нови ултиматуми, но и дека ќе влеземе во ЕУ, а сега гледаме дека сме подалеку од ЕУ од кога било.Со Заев ЕУ е невозможна мисија. Со Заев нема иднина“,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини