ВМРО-ДПМНЕ: Инфалцијата од 20% ги јаде примањата на народот, потребни се избори

од Vladimir Zorba
97 прегледи

„Економијата заради СДСМ тоне, висока инфлација, зголемен трговски дефицит, голем јавен долг. Македонија со СДСМ ја има најголемата инфлација во Европа. Инфалцијата од 20% ги јаде примањата на народот“, соопштија од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лага е дека има покачување на плати, тоа не е ниту порамнување. Реалноста е дека имаме пад на реалната плата. Тоа што пред две години граѓаните го купувале за 500 денари, сега не можат ниту за 1.000 денари.

Лошите показатели од неработата на власта се насекаде. Трговскио дефицит постојано се зголемува.

Јавниот долг со СДСМ достигна над 7.5 милијарди евра. Или за неколку години откако е власт СДСМ тој е зголемен за 3 милијарди, а нема никакви нови изградени проекти, ниту некој знае да каже каде заминаа тие пари.

СДСМ немаат ниту концепт, ниту знаење како понатаму. Затоа треба предвремени избори час поскоро“, истакнуваат оттаму.