ВМРО-ДПМНЕ: Институциите ќе ја подигнат безбедноста на повисоко ниво, мафијашките банди ја губат заштитата

од Илинка Илиоска
69 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Оливер Спасовски и СДСМ дека во последните осум години дозволиле мафијашките банди значително да зајакнат, што резултирало со отворени престрелки по скопските улици. Според партијата, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ веќе започнала со санкционирање и дека институциите сега постапуваат побрзо и поефикасно од било кога досега.

„Мафијашките банди повеќе ја немаат заштитата што ја имаа во времето на Спасовски. Институциите работат засилено и безбедноста ќе биде на повисоко ниво од времето на СДСМ,“ се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини