Македонија нема да биде демократска земја се додека се притвараат луѓе само заради тоа што имале храброст гласно да го кажат своето мислење и јавно да се спротистават на политиките со кои не се согласуваат, сметаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Велат во Македонија нема да има атмосфера за конструктивна дискусија се додека пратеници, уметници, доктори, архитекти, актери, оперски пејачи и полициски службеници се прогласуваат за терористи.
„Кривичниот суд надвор од секоја правна логика им ги продолжи притворите на дел од осомничените за настаните од 27 април. Судот наместо да одлучува врз основа на фактите, реши да ги задоволи неаргументираните барања за продолжување на притворот од страна на ЈО кое конструира политички мотивирани истраги“, се додава во соопштението.
„Неосновано притворените за настаните од 27 април се лишени од основните права во постапката. Презумпцијата на невиност како основен принцип на кривичната постапка е прекршена. Тоа го потврди и Народниот правобранител.
Полицијата ги пречекори овластувањата, судовите одлучуваат по конструирани обвиненија, а кршењето на законите продолжува и во притворските установи.
Оваа злоупотреба на институциите не смее да продолжи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.