ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство за жртвите од минатогодишниот воен удар во Турција

од Vladimir Zorba
147 прегледи

„ВМРО ДПМНЕ изразува најдлабоко сочуство за сите оние кои ги загубија животите при обидот за државен удар во Република Турција. Сликите и снимките од минатогодишниот 15 јули засекогаш ќе останат врежани во сеќавањата не само на турскиот народ, туку и на сите кои имаат посебна почит и симпатии кон Турција.

Република Турција и турскиот народ биле и остануваат докажан пријател на Република Македонија.

Меѓусебните односи секогаш биле проткаени со взаемна почит и пријателство и очекуваме врските со Република Турција да се продлабочуваат и во иднина.

Демократските избори се единствениот начин на кој што една власт може да ја добие честа да ја управува државата.

ВМРО ДПМНЕ е убедена дека Турција ќе ги надживее последиците од минатогодишниот обид за пуч и дека ваквите немили сцени и човечки загуби нема веќе никогаш да се повторат“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.