ВМРО-ДПМНЕ ја носи одлуката за предвремени избори, за Таравари со напуштањето на Владата нема да има политичка криза

од Марта Пешевска
82 прегледи

Министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека неговата партија не е заинтересирана за предвремени парламентарни избори наесен, но ќе се подготви ако бидат распишани. Тој истакна дека одлуката за парламентарни избори зависи од ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека прво треба да се одржат локални избори, а потоа евентуално предвремени парламентарни избори следната година.

Во однос на можноста за напуштање на владината коалиција, Таравари посочи дека нема да предизвика политичка криза, бидејќи владејачката коалиција има мнозинство од 73 пратеници, а евентуално заминување на неговата партија не би го нарушило функционирањето на Владата.

Што се однесува до соработката со ВЛЕН, Таравари нагласи дека преговорите со оваа партија се затворени и сега Алијанса за Албанците ќе се фокусира на локалните избори. Претседателот на партијата додаде дека изборите за кандидати за градоначалници во Гостивар и Врапчиште ќе започнат веќе вечерва, а изборниот штаб ќе биде формиран денес или утре.

Слични содржини