ВМРО ДПМНЕ побара одговорност од власта зошто снема струја во моментите кога лидерот Христијан Мицкоски давал отчет за сработеното во општините.
-Токму во моментите кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даваше отчет за сработеното во првите сто дена снема струја во објектот на Македонска Филхармонија.Мицкоски продолжи со отчетот и во услови на немање на струја со својот говор.Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја?Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија“, се вели во соопштението.