ВМРО-ДПМНЕ ја осудува изјавата на грчкиот професор Сафетас: Македонија нема територијални претензии кон Грција

од desk2
65 прегледи

Македонската нација не е производ на антагонизам, ниту на комунистите. Македонската нација е поризвод на македонскиот народ, кој живее на овие простори со векови, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ која ги осудува навредите искажани од професорот Сафетас кој е дел од грчката комисијаза разгледување на  македонската историја и учебниците.

„Македонија нема територијални претензии кон Грција, ниту некогаш ги имала. СДСМ и Зоран Заев треба веднаш да реагираат и да ги осудат ваквите ставови кои доаѓаат од грчката академска фела, а се креатори на јавното мислење во Грција. Доколку владата навистина се залага за добрососедски односи и взаемно почитување, треба да се избори и за почит на Република Македонија и нејзината историја, традиција, култура и археологија“, велат од партијата.

Сметаат дека последиците кои СДСМ ги предизвика врз државата се огромни. СДСМ мора да си замине. Понижувањата не смеат да продолжат. Потребни се итни и неодложни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Народот ќе му каже НЕ на СДСМ.