ВМРО-ДПМНЕ ја започнува кампањата со митинг пред Влада

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја започнува својата официјална кампања за изборите со митинг од пред зградата на Владата. Од партијата најавија дека собирот е во 20 часот, порачувајќи дека „време е да се случат промени и време е Македонија да се исправи“.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот при што булеварот Илинден, потегот од мостот Гоце Делчев до булеварот Климент Охридски и од булеварот Климент Охридски до мостот Гоце Делчев, се затворени за сообраќај во двата правца. Според МВР, во текот на денешниот ден по потреба, ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје.

СДСМ својот изборен караван го започнува со митинзи во Кривогаштани, Крушево и Прилеп.

Слични содржини