ВМРО ДПМНЕ: Јанева ги исполнува наредбите на Заев

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Последното интервју на Катица Јанева е потполно исто со која било прес конференција на член на СДС, изјави Невенка Стаменковска, од ВМРО ДПМНЕ, како реакција на интервјуто на специјалната јавна обвинителка за Дојче Веле.

-Катица Јанева по стоти пат докажува дека СЈО функционира само како општинска организација на СДС исполнувајќи ги наредбите на Заев. Сите предмети кои досега ги покрена Јанева се политички нарачани случаи без ниту еден доказ во нив. Катица Јанева е соочена со фактичката состојба и со реалноста и сега брза по секоја цена да склопува обвиненија за да ги исполни плановите и желбите на Зоран Заев, рече Стаменковска.