ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста треба да дознае за малверзациите на Шилегов

од desk2
90 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов.

„Петре Шилегов е еден од најгласните манипулатори и борци против режимот, а за само две години успеа да си го зголеми личниот имот за преку 200 000 евра.

Зошто Петре Шилегов одбива да одговори на следните прашања:

Дали сам себе си ги изнајмува становите и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво?

Колкава е месечната закупнина што самиот себе си ја наплаќа?

Дали сам себе си наплаќа месечен надоместок за адвокатски услуги од сопственото адвокатско друштво?

Колкав е надоместокот што како трошок го фактурира на сопственото адвокатско друштво?

Петре Шилегов е новата Радмила Шекеринска. Јавноста дозна за нејзините малверзации со кириите. Јавноста треба да дознае и за малверзациите на Петре Шилегов“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.