Никола Мицевски координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието во своето обраќање, истакна дека пратениците од неговта партија ќе дадат целосна поддршка на законите поврзани со КОВИД пандемијата.
„На денешната седница број 39 покрај многуте законски решенија има неколку закони кои што се директно поврзани со КОВИД пандемијата. Точката број 20 предлог законот за гаранција на Република Македонија за обврските за финансиски договор со КОВИД-19 одговор на Северна Македонија и развојната банка на Република Македонија АД Скопје, 21 точка предлог законот за изменување на дополнување на законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од корона пандемијата, за откупот на грозје и винската индустрија по скратена постапка исто така 29 точка предлог закон за изменување на законот за добивка кој што е поврзан со зголемување на износот на прекршок за платени лабораториски тестови за КОВИД-19 да бидат признати во расходот на даноци, овие три закони се поврзани со КОВИД пандемијата и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како за овие закони така и за сите досегашни пакети на мерки се изјасни дека ќе даде поддршка и максимално ќе ги поддржи“, истакна Мицевски.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски упати апел до претседателот на Собранието во иднина точките кои не се поврзани со КОВИД пандемијата да се ставаат на посебни седници за да не се прави театар од Собранието.