ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави кандидати за градоначалници

од Берта Китинска
222 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе излезе со листа на кандидати за градоначалници за изборите во октомври, соопштија од партијата.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски попладнево на Фејсбук објави дека овие кандидати биле потврдени на денешната седница на Централниот комитет на партијата.

– ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапува со многу нови ликови, со нова енергија, нова визија за развој, решавање на што повеќе проблеми. Најдоброто допрва доаѓа. И на крај, овие избори се повеќе од само локални, ова се работи за одлука каква општина, каква иднина сакате, и во каква земја сакате да растат вашите деца. ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа, на историски пресврт, за промени, за нов почеток, за покажување на дело дека има разлика, напиша Мицкоски.

Сител, повикувајќи се на високи партиски извори, објави вечерва имиња на можни кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници на скопските општини, додека за градот Скопје се посочува дека во игра се се уште повеќе имиња, но најмногу шанс, наводно, има претседателката на Сојузот на стопански комори, Даниела Арсовска.

По распишувањето на изборите, на 6 овој месец, од понеделник (16 август) почнува собирањето на потписи за поддршка на независни кандидатури за градоначалници и за советници. Рокот за доставување на кандидатурите за градоначалници и на листите за советници, пак, истекува на 11 септември на полноќ, независно дали станува збор за кандидати на партии/коалиции или на група избирачи.

Досега СДСМ ги објави кандидатите за 35 општини, а пола од другите имиња се уште не се знаат, но наскоро ќе се дознаат бидејќи се доближува и рокот за доставување на имињата во ДИК.Од веќе објавените кандидати на СДСМ, повеќето се актуелни градоначалници.