ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи седница на партискиот Извршен комитет на тема-референдумот.
„Ќе се носи одлука во однос на предлогот за референдумско изјаснување во однос на пакетот услови кој стана дел од преговарачката рамка, а ги отсликува бугарските максималистички барања“, соопшти портпаролката Марија Митева.
Според ВМРО-ДПМНЕ, „пречка е членот 5 од преговарачка рамка, а кој се потпира на протоколот кој пак ги содржи сите спорни делови од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Бугарија и Македонија, а кој го склучија Заев и Борисов во 2017-та година. Оттука изворот и коренот на проблемите се наоѓа токму во овој договор кој поставува фундамент на бугарските позиции од кој подоцна произлегува и преговарачката рамка и членот 5.“