ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржеле една изборна единица, ако малите партии излегле од власта

од Vladimir Zorba
252 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ уште претстојната недела ќе поднесе законски измени до собранието со цел укинување на техничката влада пред избори, со што ќе може да се распишат избори веднаш и во рок од 45 до 60 дена како што е согласно Устав пропишано да се одржат избори“, повторија денеска од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Истовремено ги повикуваме и малите партии да се охрабрат и да излезат од владата на ДУИ и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, ако се искрени кон јавноста владата ќе ја напуштат веднаш.

Очекуваме одговорност од сите политички чинители. Само брзи предвремени парламентарни избори се решение за состојбата во која не донесоа СДСМ и ДУИ“, велат од партијата на Мицкоски.