Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коaлицијата денеска во Собранието на Република Македонија ќе поднесе предлог закон за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој ќе бараат повторно да се врати старото законско решение со кое изминатите години пензинерите континурано добиваа зголемување на пензиите.
Со овој предлог закон пензионерите ќе продолжат да си го добиваат заслуженото покачување на пензиите. – велат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.
-Со овие законски измени што ги предлагаме ќе се укине штетниот закон кој го донесе СДСМ со кој им се скрати правото на поголема пензија од околу 500 денари на над 310 илјади пензионери. Со Предлог законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување што го поднесуваме се врши враќање на предходното законско решение со кое се вршеше усогласување на пензиите на многу поповолен начин отколку со измените кои што ги спроведе Владата на СДСМ во овој закон.
Од ВМРО ДПМНЕ апелираат до колегите од парламентарното мнозинство да го прифатат овој предлог закон кој што ќе го подобри квалитетот на живот на оваа категорија на граѓани.