ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во текот на утрешниот ден ќе ја поднесат формално интерпелацијата за Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, соопшти Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието.
Имено, откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење, кажа Стојаноска.
Таа посочува дека нивната партија не очекуваме дека власта, предводена од СДСМ ќе се охрабри и ќе ја изгласа интерпелацијата, и дека 61 пратеник од власта ќе го чујат гласот на народот и ќе гласаат за разрешување на Талат Џафери.