Република Македонија го живее еден од најцрните и најнедемокртски периоди од осамостојувањето. Период на политички затварања, монтирани обвиненија и одмазда против секој што гласно се спротиставува на антидржавните политики, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ

Глумци, режисери, уметници и архитекти се притвараат за измислен тероризам само затоа што јавно говореа за распродавањето на националните интереси и за штетните државни политики кои во изминатиот период ги спроведува Заев и неговите послушници.
Заев преку груба злоупотреба создадва бришан простор за редефинирење на државата и историјата и да ги срушат темелите на македонската држава.
Целта е да се се покаже сила за да се пасивизира македонскиот народ. Да се даде до знаење дека секој македонски граѓанин кој јавно нема да се согласува, кој ќе крене глас против антидржавните политики на хунатата ќе заврши во притвор како Дурловски, Илиевски, Чавков, Дамовски, Јовановски и триесетина други кои без никаков основ ги обвинија за тероризам.
ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците и во знак на револт против неоснованото и неправедно притворање и во знак на поддршка на жртвите на оваа хунта, ВМРО ДПМНЕ денеска ќе организира протест во 16 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари, се вели во соопштението на партијата.