ВМРО-ДПМНЕ ќе се подновува и проширува, најавени 4 потпретседатели

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва соопшти дека се планира внатрешна реорганизација на партијата.

-Во понеделник ќе имаме седница на Централниот комитет, на која ќе се гласа за нови членови и состав на Извршниот комитет. Ќе имаме проширување, но и подмладување на партијата. Ќе бидат 28, 29 членови, а исто така ќе се зголеми и бројот на потпретседатели на партијата, од двајца на четворица. Сметам дека овие лица и состав ќе имаат сериозен државнички капацитет, рече Мицкоски во гостувањето на емисијата „360“.

Слични содржини